ФОТО: Поради Македонија фудбалер на АПОЕЛ ги налути Кипраните

 

Аргентинскиот интернационалец во редовите на кипарски АПОЕЛ Томас Де Винсенти ги збесна Кипраните.

Тој веднаш по пристигнувањето на експедицијата на АПОЕЛ на својот Инстаграм профил објави фотографија од аеродромот „Александар Велики“ и напиша:

-Стигнавме во Македонија. Утре имаме важен натпревар од второто квалификациско коло од ЛШ.

Поради тоа што напиша Македонија, навивачите на АПОЕЛ збеснале, но и нивните грчки пријатели, пренесува „Екипа“.

de-visenti0500

Сепак, Аргентинецот се извини, потенцирајќи дека не сакал никого да навреди, но потоа во голем стил им одговори на сите, дека во својата земја, на училиште учел дека ова е Македонија.

-Немав намера да повредам нечии чувства. Тоа е едноставно тоа што сум го учел на училиште во мојата земја. Јас многу ја почитувам Грција, не е прашање на незнаење, но така учев на училиште. Немав намера никого да повредам, напиша Де Винсенти.

 

 
 
 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега