За малку ќе немало натпревар - Албанци аплицирале за виза за погрешна држава
Албански фудбалски навивачи аплицирале за виза во Република Ирска, а не за Северна Ирска, која е дел од Велика Британија.
Натпреварот, од второто коло за квалификација за Лигата на шампионите, помеѓу Крусејдерс од Белфаст и Скендербег за малку немало да се одржи, бидејќи Албанците аплицирале за виза во погрешна држава, односно наместо за Северна Ирска, тие аплицирале за Република Ирска, пренесува „Србијаданас“.
Албанскиот клуб Скендербег, поради тоа е изложен на дополнителен трошок од 25.000 евра.
Сепак и покрај непознавањето на географија, Скендербег го совлада тимот од Белфаст со 4:1, и се избори за пласман во третото квалификационо коло.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа