Mакедонските репрезентативци во бодибилдинг и фитнес на прием во АМС

 

По повод големиот успех на балканското и европското првенство во бодибилдинг и фитнес, денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за македонските репрезентативци и освојувачи на медали во бодибилдинг и фитнес.

Заедно со репрезентативците во делегацијата беа присутни и челниците на Македонската Бодибилдинг и фитнес федерација.

Спасески им го честиташе големиот успех и истакна дека македонскиот бодибилдинг и фитнес веќе претставува сериозен учесник на сите големи меѓународни натпреварувања во сите категории и останатите држави гледаат со респект кон Македонија.

-Ми претставува огромна чест што лично можам да им ги честитам успесите и освоените медали и можам да кажам дека Македонија има блескава иднина во бодибилдинг и фитнес. Така да и останатите репрезентации гледаат со респект кон нас, истакна Спасески.

Бобан Ѓороски претседателот на федерацијата на Македонија го запозна директорот на АМС со успесите што беа постигнати на балканското првенство кое се одржа од 1-3мај во Регхин, Романија и европското во Санта Сузана, Шпанија од 13-18 мaj.

Македонската репрезентација на балканското првенство во конкуренција од 150 натпреварувачи освои две златни медали, први места во категории, ветерани (Jовче Василевски)и бикини-фитнес до 163см, Марија Нацева која стана и апсолутен победник. Томче Николовски го освои второто место во категорија до 80 кг бодибилдинг, а Дејан Пауновски трето место во бодибилдинг класик. 

priem-ams1-500

На европското првенство во Шпанија учествуваа 46 земји.

Македонските репрезентативци беа вo конкуренција со над 1.500 учесници , а Македонија настапи со три натпреварувачи и еден судија. Нацева го постигна најголемиот успех во историјата на женскиот бодибилдинг и фитнес освојувајќи го 8-то место во категорија бикини-фитнес до 163 см во конкуренција на 39 натпреварувачки од Европa.

Бобан Ѓороски го информираше Спасески за следното државно првенство кое ќе се одржи на 10-ти октомври во Скопје и ќе преставува квалификации за Светското Првенство во Шпанија од 5-9 ноември 2015 (за мажи) и во Унгарија13-16 ноември за жени.

priem-ams2-600

Покрај овие две првенства македонската репрезентација ќе се појави и ќе настапи на Куп натпреварите Арнолд Класик Европа, како и Мистер Олимпија аматери, кои ќе се одржат во Мадрид и Прага.

Претседателот Ѓороски заедно со репрезентативците се заблагодарија за приемот во домот на спортот и ветија дека ќе продолжат со успешните настапи и дека ќе дадат се од себе и од наредното првенство да се вратат со повеќе медали.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега