ВИДЕО: Ривалдо и неговиот син постигнаа три гола на ист натпревар

 

Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Ривалдо одлучи и на 43 години да се врати на теренот и да му помогне на тимот Моги Мирим да избори опстанок во бразилската Серие Б.

На вториот меч по кам-бекот Ривалдо постигна гол за победа на неговиот тим од 3:1. Фудбалската легенда голот го постигна од пенал, а преостанатите два ги постигна неговиот 20-годишен син Ривалдињо.

-Долго размислувам да се вратам. Помина 15 месеци од моето повлекување. Сега се чувствувам добро, коленото не прави проблеми. Во некои мечеви ќе можам да помогнам, изјави Ривалдо кој воедно е претседател на клубот Моги Мирим.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега