Мартин Несторовски – момчето кое на Македонија редовно и носи медал
Каратето е најуспешниот македонски спорт. Речиси и да нема меѓународно натпреварување од кое нашите каратисти не се вратиле со медал, во поединечна, но и во екипна конкуренција.
Еден од оние каратисти кои редовно и носат медал на Македонија од меѓународни турнири е и Мартин Несторовски.
Заедно со Емил Павлов, Несторовски освои бронзен медал на првите Европски игри кои од 18-ти до 28-ми јуни се одржаа во азербејџанскиот главен град Баку.
Овој 26-годишен македонски каратист во својата кариера освоил голем број на медали, награди и признанија, во 2008-ма е прогласен за каратист на годината од страна на Карате федерација на Македонија, а од Агенцијата за млади и спорт прогласен е за Спортист од светска категорија на Република Македонија.
Но, да тргнеме по ред.
КУРИР: На Европските игри во Баку го освои бронзениот медал. Со оглед на тоа дека овие игри за прв пат се одржуваат што за тебе, но и за македонското карате значи овој медал?
М.Н: Точно така, јас го освоив првиот бронзен медал за Македонија на првите Европски игри. Ова за мене причинува огромно задоволство и мотив за поголеми успеси бидејќи пред се да се биде дел од оваа елита е чест, а уште поголема е честа да се освои еден ваков медал. Секако ова не е само мој медал, ова е медал за цела Македонија и уште еден доказ дека каратето е број еден спорт во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа