Вардар одигра нерешено на гостувањето кај АПОЕЛ во квалификациите од ЛШ

Во првите минути од натпреварот Вардар имаше една шанса да поведе, но Велкоски биеше крај голот. Во финишот на првиот дел домашните се заканија во два наврати (42 и 43.минута) преку Леал, но голманот на Вардар Томе Пачовски одлично интервенираше.
Во 54.минута повторно Леал беше во шанса, но неговиот удар заврши крај голот. АПОЕЛ имаше уште една шанса во 63.минута, а ударот на Де Висенти, Пачовски го одби. До крајот на дуелот Вардар успешно го одржуваше резултаот без голови.
Реванш натпреварот се игра на 21.јули во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“
Оцени ја веста
14.07.2015 - 21:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа