Швајнштајгер: Јунајтед е единствениот клуб поради кој би го напуштил Минхен
Капитенот на германската фудбалска репрезентација, Бастијан Швајнштајгер денес истакна дека не било лесно да го напушти Баерн Минхен, како и дека Манчестер Јунајтед е единствен клуб во светот каде би можел да ја продолжи кариерата.
-Јунајтед е единствениот клуб поради кој би го напуштил Минхен. Чувствувам дека сум подготвен за нови предизвици во најсилната лига во светот и се радувам на новата соработка со Луј ван Гал, истакна Швајнштајгер.
Тој денес го потпиша тригодишниот договор и официјално стана првиот Германец во клубот од Олд Трафорд, а менаџерот Ван Гал не го криеше воодушевувањето од доаѓањето на 30 годишниот играч.
-Бастијан не е странец за мене. Соработувавме додека бевме во Баерн и многу сум среќен поради неговото доаѓање во Јунајтед. Тој е витински професионалец, ни носи големо искуство и ќе биде одлично засилување во клубот, вели Ван Гал.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа