Пред финалето на Вимблдон - линч кон Ноле

 

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, денес, го игра финалето на Вимблдон против Швајцарецот Роџер Федерер.

Пред натпреварот британските медиуми вршат огромен притисок на Ноле, најверојатно поради, како што пишуваат српските медиуми, испаѓањето на Енди Мареј.

Овој пат на тапет се најде таткото на Ноле, Срѓан Ѓоковиќ. За него британски Independent пишува:

„Татко кој ве поддржува е нешто што секој сака да го има. Но, понекогаш дури и најдобриот од нив оди предалеку. Срѓан Ѓоковиќ е познат не само како горд татко бранител на круната на Новак Ѓоковиќ, туку и како горд Србин, а неговиот национализам најчесто се покажува преку призмата на врвните тениски вештини на неговиот син“, пишува ndependent, а во текстот се додава и:

„Кога српските коментатотри ги пренесуваат мечевите овие денови, мора да внимаваат да не речат нешто што ќе го разбесне Срѓан, кој своевремено ја напушти удобната фотелја и со голема брзина замина до студијата во Белград од каде се пренесуваше мечот, да им се закане на новинарите зошто недоволно навиваат за неговиот син во тешкиот меч против Рафаел Надал“, пренесува српскиот поратал 24sata.rs.

 

 

Оцени ја веста

12.07.2015 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега