Албанија добива три бода од прекинатиот меч со Србија

 

Албанија ќе добие три бода од прекинатиот меч со Србија во Белград, јавуваат неколку регионални медиуми.  Според информациите кои немаат официјална потврда, Арбитражниот Суд во Лозана одлучил во корист на Албанија по жалбата на двата фудбалски сојузи.

Информацијата на Твитер ја објави и албанскиот премиер Еди Рама кој напиша дека правдата била задоволена.

Како што е познато, мечот беше прекинат откако над теренот на стадионот на Партизан се појави дрон со знамето на „Голема Албанија“ кое беше тргнато од страна на Стефан Митровиќ, по што следеше судир меѓи играчите и прекин на дуелот потоа.

 

УЕФА потоа ја казни Албанија поради напуштање на теренот со службен пораз од 3-0, додека на Србија како казна и беа одземени три бода. Двата фудбалски сојуз се жалеа до Арбитражниот суд во Лозана, а денеска албанските медиуми објавија дека одлуката е во нивна корист.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега