Македонките не успеаја вторпат да ги победат Србинките
Младинските ракометарки на Македонија У-19 загубија во вториот контролен меч против врсничките од Србија 18:25 (полуврме 7:13).
Мечот се одигра во Скопје и за разлика од вчерашната средба која Македонките ја добија убедливо со 13 разлика, вечерва настапија во комбиниран, експериментален состав, а тоа се одрази на резултатот.
Досега Македонија во подготвителните натпревари оствари три победи, една против Србија и две против Бугарија.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје сѐ до поаѓањето на Европското првенство во Шпанија, кое почнува на 23 јули. Македонија ќе игра во група со Русија, Германија и Литванија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа