ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерен е ставот на СДСМ за кумановската акција

 

Јавноста е сведок на уште еден срамен чин на СДСМ со кое што партијата се обидува да ги потцени граѓаните, понижувајќи ги пред камери дека ништо не паметат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата Максим Димитриевски од СДСМ.

- Како мал не му давале да си игра камај, па сега мора тоа да го изживее“. Ова беше јавно искажаниот став на портпаролот на партијата Петре Шилегов во врска со кумановската акција во која бранејќи ја својата татковина, своите животи ги положија осуммина херои и патриоти. Ова срамно девалвирање на храброста и пожртвуваноста на полициските специјалци беше јавно изречено на денот на акцијата, на 9-ти мај, не водејќи сметка за семејствата на починатите или повредените, се вели во соопштението.

Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека СДСМ додека беа на власт дозволија неколку месеци, вооружена група од Кондово да го држи Скопје во заложништво.

- Стратегијата да се потпалат страстите и да се предизвика сомнеж во професионалното постапување на полицијата преку инсинуации за прекумерна употреба на сила врз цивили не успеа. Лицемерието и лажната грижа прикажани денес и во минатото се доказ за тоа, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега