Заев сака да се спаси себе си од криминалите, уцените и корупцијата
Единственото што го интересира лидерот на опозицијата Зоран Заев е како да се спаси себе си од криминалите, уцените, корупцијата и барањето мито кои ги виде цела македонска јавност.
Соочен со неговите криминали и барања мито, како и со фактот дека се повеќе работи околу неговото срамно однесување се појавуваат во јавноста, Заев се обидува да ја дефокусира јавноста и преку конструирани материјали ставени во манипулативен контекст, да се извади од своите скандали и криминали.
Целата јавност имаше можност да го погледне видеото каде струмичкиот градоначалник Заев, бара мито од 200.000 евра од еден бизнисмен.
Потоа се охрабрија и други бизнисмени да обелоденат дека Зоран Заев им барал поткуп.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа