Чиле шампион со помош на Плејстејшн

 

Репрезентативците на Чиле за прв пат во историјата ја освоија Копа Америка и тоа со победа над Аргентина, со мала помош на Плејстејшн.

-Имаме програма која ја користи технологијата на Плејстејшн, која ни овозможува да ги движиме играчите со помош на џоистик. На пример, можеме на програмата да и зададеме формација 4-4-2 и потоа самиот софтвер ни покажува како тоа ќе делува на нашиот противник, откри селекторот Хорхе Сампаоли.

Сампаоли воедно додал дека неговите играчи најмногу ја користеле програмата за да го унапредат својот напад, а фудбалерот кој најмногу поминал со спомнатиот симулатор е Алексис Санчез, стрелец на решавачкиот пенал.

Чиле на домашен терен, пред околу 50.000 навивачи, ја совладаа Аргентина со 4:1 по изведувањето на пенали, откако по 120 минути игра немаше голови.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега