Мариа Мор и Бравадос се закитија со две златни медали на турнирот во коњички прескок

 

Шеснаесетгодишната Мариа Мор се закити со две златни медали на турнирот во прескокнување пречки кој денес се одржа во организација на коњичкиот клуб „Процес“.

Во конкуренција на јавачи од сите скопски коњички клубови, златната двојка која минатата година не претставуваше на Балканскиот шампионат, убедливо победи како единствена без казнени поени.

Инаку, Мариа е член на коњичкиот клуб „Тристар“, се занимава со овој спорт од најмала возраст, а има освоено многу титули на натпревари во Македонија и странство. Со Бравадос, коњот од спотот за песната „Ја излези Ѓурѓо“ на Некст Тајм и неговата сопственичка Љупка Аврамовиќ се неразделен тим веќе 3 години.

На коњичкиот турнир учествуваа натпреварувачи од шест македонски клуба: Анималс, Вивакс, Дона, Илинден, Процес и Тристар, кои се натпреваруваа во три дисциплини.

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега