Поховани палачинки со колбасици

 

Состојки:

-2 јајца

- 80 грама брашно

- 130 мл млеко

- 1 лажичка масло за јадење

- малку сол

- 4 колбасици

- 4 печени пиперки

- 2 лажички сенф

- брашно по потреба

- презла по потреба

- 1 јајце

- лажичка сусам

- пола лажичка сол

Измешајте ги состојките за палачинки, посолете и испечете 4 палачинки. Пиперките олупете ги. Секоја колбасица замотајте ја во пиперка. Палачинките премачкајте ги со малку сенф па на секоја ставете пиперка со колбасица. Смотајте ги палачинките, со краевите навнатре. Палачинките ставете ги во брашно, јајца па во презла со сусам. Испржете ги.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега