Официјално: Дани Блинд нов селектор на Холандија

 

Поранешниот репрезентативец и капитен на Холандија, Дани Блинд, е назначен за нов селектор на популарните „лалиња“. Фудбалската федерација на Холандија денеска и официјално го назначи за наследник на Гус Хидинк, кој си поднесе оставка од функцијата откако не забележа позитивни резултати во изминатите месеци, како на пријателските мечеви така и на квалификациите за ЕП 2016 што ќе се игра во Франција. Холандија се наоѓа во незавидна позиција во квалификациската група, каде што го зазема третото место, со минус пет бода во однос на лидерот Исланд и три бода помалку од Чешка. Дани Блинд ќе има тешка задача да го консолидира националниот тим и да обезбеди директен пласман на Европското првенство.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега