Неверојатна причина: Зошто тенисерите на Вимблдон мораат да бидат во бело
Вимблдон е традиција, престиж, единствениот турнир кој се игра на оргинална тениска подлога. Најстарото натпреварување во „белиот спорт“ се игра уште од 1877 година. Дури 188 години, пехарот на Вимблдон се смета за највреден кој било кој тенисер и тенисерка мораат да го освојат. Турнирот кој се игра шест недели пред првиот понеделник во август поради својата долга историја и традиција, во Велика Британија, обилува со правила кога е во прашање однесувањето на учесниците.
Општо познато е дека тенисерите и тенисерките мораат да бидат комплетно во бела опрема, оргинална боја на „белиот спорт“, но многумина не знаат зошто се инсистира токму на таа боја. Кон крајот на 19 век во Англија тенисот бил еден вид на друштвено собирање. Тогашниот ноблес бил целосно незамислив да на обоениот веш се видат траги од потење. Тоа се сметало за неприкладно, особено за една дама. Поради тоа стана заштитен знак на Вимблдон.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа