Рамос во Јунајтед за 40 милиони евра?
Манчестер Јунајтед понудил 40 милиони евра за трансфер на фудбалерот на Реал Мадрид Серхио Рамос, пренесуваат британските медиуми.
Наводно, првата понуда од 32 милиони евра била одбиена, па „Црвените ѓаволи“ со дополнителни осум милиони евра ќе се обидат да го сменат мислењето на „Кралскиот клуб“.
Како и претходните недели, се наведува дека репрезентативецот на Шпанија има желба да се пресели на „Олд Трафорд“, бидејќи не го продолжил договорот со Реал кој му истекува летото 2017-та година.
Рамос во Реал пристигна од Севиља во 2005-та година и во меѓувреме стана еден од клучните играчи на тимот, со кој ја освои Лигата на шампионите и три национални првенства.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа