Европскиот Суперкуп и официјално на „Филип Втори“

 

Скопје и Националната Арена „Филип Втори" ќе го организираат Европскиот Суперкуп во 2017 година.

Вака одлучи Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) на денешниот состанок во Прага, пренесува Спорт медиа.

Скопје ја доби честа да ги угости најдобрите два тима за сезоната 2016/17 и во август за две години да биде домаќин во воведната пресметка на лауреатите од сезоната претходно, дуелот помеѓу европскиот првак и победникот во Лига Европа.

Виталиј Мутко за италијанските медиуми ја објавил веста за изборот.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега