Сопственикот на Валенсија го купи брендот на Кристијано Роналдо
Модерниот фудбал не познава судир на интереси. Кристијано Роналдо фудбалер на Реал Мадрид својот бренд му го продаде на сингапурскиот тајкун Петер Лим инаку мнозински сопственик на ривалот Валенсија.
Така фирмата на Лим, „Минт медиа“ стана сопственик на правата за ликот и делото односно имиџот на Роналдо. Тој на својата веб страница напиша дека ова претставува стратешки потег со кој ќе се издигне и зајакне брендот, а исто така ќе се освојува и азискиот пазар.
Врската помеѓу овој двоец е познатиот „суперагент“ Јорге Мендеш кој го застапува играчот и годишно му обезбедува спонзорски договори од над 20 милиони евра, а исто времено работи и како советник на сингапурскиот бизнисмен.
Според „Форбс“ Питер Лим тежи две милијарди долари, а во светот на фудбалот влезе со купувањето на мнозинскиот пакет акции во Валенсија за 430 милиони евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа