ЖРК Вардар ги доби противниците во групата од Лигата од шампионите

 

Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва во Виена ги добија ривалите во групата од првата фаза од Лигата на шампионите за новата сезона. На извлекувањето „вардарки“ се најдоа во групата Ц заедно со екипите на Митјиланд (Данска), Хипо (Австрија) и победникот од квалификационата група 1. Најголеми шанси за првото место во оваа група му се даваат на поранешниот европски шампион Ѓер од Унгарија. Во полуфиналето од групата Ѓер игра со Раднички (Србија), а во другото полуфинале играат: Далфсен (Холандија) – Гласверкет (Норвешка).

Распоред на групите:
А група: Ларвик, Крим, Ростов Дон, победник на квалификациона група 2.
Б група: Ференцварош, Турингер, Подравка, Флери.
Ц група: Митјиланд, Вардар, Хипо, победник на квалификациона група 1.
Д група: Будуќност, Букурешт, Савехоф, Лублин.
 
Натпреварите во групната фаза почнуваат во периодот од 16 до 18.октомври 2015 година, а титулата европски првак ја брани екипата на Будуќност од Црна Гора.
 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега