Kривичниот суд ќе му пресуди на Бучковски за тенковските делови

 

Кривичниот суд денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Тенковски делови“, во кој се обвинети пет лица. Меѓу обвинетите се најде и поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски, како и екс началникот на ГШ, Методи Стамболиски.

Во 2008 година, обвинетите во „Тенковски делови“ ја добија првата пресуда - 3 и пол години затвор за Бучковски и Стамболиски и по 3 години за останатите обвинети - Нелко Менкиновски и Ацо Ѓурчески од МО и Митре Петковски - директор на МЗТ ФОП.

СПоред обвинението, лицата ја злоупотребиле својата службена положба, односно, при набавките на резервни делови за армиските тенкови Т-55, успеале да го оштетат буџетот за над 2 милиони евра.

најчитано сега