ВИДЕО: Жерновски во тесно - конечно призна дека сакал на местото на Буњаковец да гради бензинска

 

Градоначалникот на општина Центар по 3 дена конечно призна дека на местото на пазарчето Буњаковец планирал да гради бензинска пумпа. Откако Press24 ја отвори аферата „Буњаковец“ Жерновски излезе на улица и лично од граѓаните слушна дека не сакаат на местото на пазарчето да се гради бензинска.

Сепак Жерновски не се откажува од бизнисот па најавува дека пазарот сепак ќе се руши и на негово место ќе се гради „модерен пазар“ од затворен вид.

Граѓаните добро знаат дека последен модерен затворен пазар, дело на кадри на СДСМ и опозицијата беше Глобал во општина Струмица, проект за кој лидерот на СДСМ беше осомничен за криминал тежок 7 милиони евра.

Заев никогаш не докажа дека не е виновен за делото за кое беше осомничен, а во Струмица, најголем дел од граѓаните велат дека речи си целиот трговски центар е во сопственост на неговите бизнис партнери.

Press24 веќе објави дека Жерновски заедно со Зоран Заев планирал на местото на Буњаковец да дозволи да се изгради бензинска пумпа инвестиција на бизнисменот Мите Брилијант. До овој момент ниту Жерновски, ниту Заев ниту пак споменатиот бизнисмен не демантираа дека се вмешани во аферата „Буњаковец“.

Press24 денеска овој план предизвикал вистински турбуленции во опозициските редови поради што се готвеле и смени во секторот урбанизам во општина Центар, каде на местото на актуелната, доаѓа нова урбанистка инаку мајка на шефот на протокол на Зоран Заев, Иванна Хаџиевска.

До овој момент, оваа информација не е демантирана.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 23:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега