Бил дел од атентатот на Глиговор - сведоштва кои говорат за криминалот на Фрчко
Низа скандали поврзани со криминал, сомнителни набавки, шверц, сведоштва за директна поврзаност со атентатот на Киро Глигоров, брутални навреди кон македонскиот народ стојат зад името на поранешниот министер за внатрешни работи од времето на СДСМ и претседателски кандидат на најголемата опозициска партија Љубомир Фрчкоски, најголемиот хушкач кој буквално ја има киднапирано СДСМ пишува Курир.
Без никаков морален кредибилитет, Фрчкоски е човекот зад кој стојат огромен број на криминални афери во изминатите години. Дури и негови блиски соработници, низ изминативе години директно сведочат за каков профил на човек станува збор, според нивни тврдења, “најголем криминалец и арамија“.
Пред неколку години, во јавноста беше објавено интервју со Роли Јакуповиќ, еден од сведоците на матните 90-ти во Македонија, тогашен прв човек на обезбедувањето на СДСМ./
-Најголемиот криминалец и арамија тие десетина години во Македонија - Бобан или Фрчко... Јас одговорно и кривично и материјално тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат.
Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки, вели Јакуповиќ во интервју објавено на 10-ти септември 2006 година во весникот Вечер.
Во истото интервју Јакуповиќ тврди дека Фрчкоски фрлал пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари.
Фрчкоски главен соучесник во атентатот на Глигоров
Атентатот врз претседателот Киро Глигоров е дело на мафијата, категорички тврдеше Осман Ватреш, сараевски новинар и регионален експерт за организиран криминал.
Во интервјуто за Национал објавено во 2002 г., по повторното покренување на истрагата врз основа на кривичните пријави на тогашниот министер за внатрешни работи, тој упорно и со докази тврди дека тогашниот министер Љубомир Данаилов Фрчкоски е главниот соучесник, ако не и организатор на обидот Глигоров да се преплаши и откаже од гонењето на мафијата.
-Знам дека и во Македонија влезе голема сума од тие пари, но вие треба да побарате одговор за тоа прво од поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, а потоа и од другите. Фрчкоски беше министер во тој клучен момент, кој дозволи цела таа свита да дојде во Скопје, да го разработи својот криминален бизнис. Еден мирен регион да им стане центар на делувањето. Тука им се близу Солун, Истанбул, Софија. Се разбира Фрчкоски мора да одговори и на многу други прашања кои многу скоро ќе му бидат поставени. Но, не само нему. На пример, на Добри Величковски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Два авиона паднаа на македонска почва, а не се знае ништо. Дали можеби одговорот не се крие во списокот на патниците кои загинаа? Тоа треба Величковски да го каже. Се случија низа кривични дела, а не се знае ништо. Се случи атентат на претседателот Киро Глигоров, а тие велат дека не знаат ништо. Кој ги водеше тие авионски агенции? Мафијашите летаа од скопскиот аеродром. Фрчкоски и Величковски велат дека не знаат ништо, а вечераа со истите тие мафијаши. Се среќаваа во странство, на пример во Цирих, за што има докази, документи, вели Ватреш во интервјуто од 2002 година.
Слободан Богоевски, прв човек на службата за државна безбедност за време на атентатот врз претседателот Глигоров за магазинот НИЕ во 2008 година сведочи што недостасувало и кој потфрлил во истрагата. Тој вели дека колумните на Фрчковски се само приказни за мали деца.
Богоевски вели дека имало крупни грешки во текот на истрагата. Наместо директорот на државната безбедност да раководи со штабот кој работел на причините за атантатот на тоа место биле поставени сосема неискусни луѓе. Првиот човек на тогашната служба за државна безбедност посочува и клучни датуми пред атентатот. Осум дена пред тоа бил потпишан договорот помегу Македонија и Грција. Починале многу од директно вклучените во атентатот и никој не го истражувал тоа.
Манжетни за кошула од 2.000 марки, часовник од 45.000 марки
Еден министер за внатрешни, а потоа за надворешни работи на мала земја каква што е Македонија, која не е толку богата и на која секој денар и е потребен, на франкфуртскиот аеродром купи манжетни за кошула кои ги плати две илјади марки, тврди сараевскиот новинар и регионален експерт за организиран криминал.
-А вие знаете колкава му е нему платата. Па, како не му е срам? Тоа се гледа, не може да се сокрие. Или часовник кој Фрчкоски го плати 45 илјади марки. Па од каде му се парите?!... Постои документ, сметка... Тој е поврзан со мафијата. Околу себе има луѓе како Петрит Аме, кои треба да извршат сè што ќе им нареди. Со такви луѓе работеше и работи Фрчкоски. Му се крадат слики, икони од Македонија, фрески од Свети Наум, а тој не знае каде се? А тој вечера и пие со тие луѓе кои го направија тоа, вели Ватреш.
Луксузни мерцедеси за шверцот на нафта и цигари
Шлеперите со шверцувани цигари на македонско-српската граница имале предност пред цистерните со нафта бидејќи носеле поголема добивка, тврдеше неодамна Љубомир Периќ-Магаш.
Магаш изјави дека од април до октомври 1995 година со дозвола од тогашниот премиер Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски шверцувал нафта од Бугарија преку Македонија за Србија. Според Магаш, каконаграда за добрата соработка двајцата добиле два автомобили „мерцедес“.
-Беше донесена одлука или, поконкретно, нашите соработници од Бугарија рекоа дека треба да се почестат одредени господа во Македонија поради непречениот шверц. Тие двајца беа Црвенковски и Фрчковски, кои добија два автомобила „мерцедес С600“ или, популарно наречени, „слонови“, кои беа најдобри автомобили во тоа време. Возилата беа крадени, но со средена документација и беа легални, бидејќи нивните близнаци беа пратени во Саудиска Арабија. Што направиле Црвенковски и Фрчковски со автомобилите, дали ги подариле некому, дали ги продале, не знам - вели Магаш.
Тој објаснува дека шверцот се одвивал без проблеми, но првиот „кикс“ се случил од македонска страна, кога контингентот со нафта не ја преминал границата вечерта кога било договорено.
- Ми се јави Фрчкоски и ми рече дека нафтата вечерва не може да помине од одредени причини. Веднаш му се јавив на Драган Стошиќ, ексдиректорот на „Симпо“ од Врање, кој беше врската меѓу мене и Македонците. Му објаснив дека ме чекаат во Србија и дека ќе се посомневаат ако пратката задоцни. Ми одговори „не се секирај, пратката утре ќе помине оти вечерва треба да пројде пратка со цигари“. Прашав „ кои бе цигари, кој е поважен од нас во оваа работа“, а тој ми вели „цигарите на Марко Милошевиќ“ - раскажува Магаш.
Според него, групата за која работел никогаш не шверцувала цигари, но знае дека во Македонија за тоа главен бил Данчо Шутурков, со кого се сретнале еднаш.
Имавме состанок, јас, Стошиќ, Црвенковски и Фрчкоски, стандардното друштво. Не се ширеше кругот за да се задржи тајноста. Но, еднаш дојде еден господин, залижан, шмекер, мислам дека се викаше Данчо Шутурков. Тогаш беше и наш претставник од Бугарија. Ни рекоа дека наредниот пат кога ќе се совпаднеме со транспортот со цигари, цистерните да почекаат и да ги пропуштиме прво да пројдат цигарите. Зошто не беа пуштени истовремено не знам, претпоставувам поради заработката бидејќи цигарите носат најмногу пари - вели Магаш.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа