Булеварот Борис Трајковски утре затворен за сообраќај

 

Во недела во период од 8 до 11 часот ќе се врши монтажа на портален семафорски столб на пешачкиот премин на улица „Борис Трајковски“ или поранешна Првомајска, поради што ќе биде затворен за сообраќај.

Булеварот ќе биде затворен од крстосницата со улица „Петар Дељан“ до улица „Михаил Чаков“.

Автобусите кои одат кон Драчево ќе бидат пренасочени по улица „Иван Козаров“, улица „Вера Јоциќ“ и ул.„Народни Херои“. Во спротивна насока, односно од Кисела Вода (Усје) кон Центар, автобусите на автобуските линии ќе ја користат трасатa по улица „Народни Херои“, и улица .„Христо Татарчев“(поранешна „Сава Ковачевиќ“).

најчитано сега