Кисела Вода го прославува 58. роденден
Денеска општината Кисела Вода со неколку манифестации ќе го одбележи 58-от роденден.
Во 10 часот ќе се одржи Седница на Советот на општина Кисела Вода, на која градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ ќе додели благодарници на личности кои оставиле печат во работата и развојот на општината, а потоа ќе има голема забава со Буба-клубот и мото клубот „Ноќни волци“ во урбаната заедница Расадник, во близина на кафулињата „КВАТРО“ и „ГЕТ“. Ќе се доделат награди за најубаво уреден двор и тераса во општината. Победниците бесплатно ќе летаат во балон.
Во попладневните часови, од 17:30 до 19 часот во паркот „Шопен“ ќе се одржи хуманитарна коријада. Присутните граѓани по симболични цени ќе можат да дегустираат дел од питите, подготвени од пензионерките од Кисела Вода.
ФОТО: Денешен