Спиро Ристовски: Екстерното е успешно - стравот беше неоправдан

Резутатите ќе ја покажат реалната состојба во нашиот образовен систем, а конечниот став на министерството ќе зависи од длабинската анализа којашто ќе ја направиме во текот на летото, по сите параметри од оценувањето".  На овој начин, новиот министер за обрљазование и наука, Спиро Ристовски, кој во минситерството дојде во екот на спроведување на екстерното тестирање, ја оценува неговата успешност во интервјуото за Прес24.

-Софтверот преку кој беа тестирани учениците, неколку пати претходно беше тестиран и  немаше ниту една забелешка од страна на наставниците и учениците, ниту пак, некој протестираше. Од друга страна, мој личен впечаток е дека некои ставови и барања се иницирани од стравот, наставниците или учениците да не бидат оштетени. Но напоменувам дека тоа нема да дозволиме да се случи, вели министерот за образование, Спиро Ристовски.

 Реформите кои ги спроведув а оваа Влада, особено во делот на образованието, треба да овозможат квалитетен и модерен образовен ситстем. Ристовски вели дека во фаза се неколку пректи, а меѓу нив беше и процесот на дисперзирани студии. Од денешна дистанца, министерот з аобразование оценува дека тоа бил правиле потег.

-Дисперзираните студии овозможија голем број ученици да го продолжат образованието во својот матичен град или во најблиската околина. Од една страна, тоа подразбира заштеда на време и финансиски средства во делот на сместувањето, исхраната и патувањето, а од друга страна можност за едукација преку истите програми и професори од матичните факултети, вели за Прес24, министерот Ристовски.

Негов, но и предизвик на министерството е на идните студенти да им се предочи дека образованието од техничките науки, станува профитабилно во Македонија.

- Знаете,  не е важно само да се заврши образовниот процес, туку и да се верификува преку изнаоѓање на соодветна работа во којашто ќе се применат стекнатите знаења. Тоа треба да биде најголем мотив за секој поединец при изборот на струката. Ова е време кога странските инвеститори се повеќе вложуваат во земјата и имаат потреба од соодветен кадар кој претежно доаѓа од техничките струки, а државата тоа мора да го обезбеди. Затоа остануваат нашите препораки до учениците за упис на техничките струки, вели во интервју за Прес24, Спиро Ристовски, Министер за образование и наука

 

 

ПРЕС24:Екстерното тестирање во моментов е најекспонираната тема во секторот образование. Вие на позицијата министер дојдовте во фаза на спороведување. Какви се Вашите проценки за успешноста на овој проект?

 

РИСТОВСКИ:Екстерното тестирање од оваа учебна година е реалност и веќе составен дел од македонскиот образовен систем, што значи дека првичната цел е постигната. Задоволен сум од реализацијата на овој исклучително значаен проект,  во кој учествуваа повеќе од 190 илјади ученици и беа спроведени над 380 илјади полагања, во реализација и со поддршка на самите ученици и наставниците. Најважно е што не дозволивме ниеден ученик да биде оштетен. Очекувам до година процесот да биде уште поуспешно и пофункционално реализиран. Сите сугестии и предлози, било дали се од здруженија на граѓани, институции, стручни лица, родители ќе бидат земени во предвид, со цел проблемите коишто се појавија во делот на техничката поддршка во определни училишта, да бидат корегирани.

 

 

 

ПРЕС24: И пред реализацијата, но и потоа големи беа критиките дека екстерното тестирање всушност нема да ги даде реално посакуваните резултати. Се споменуваа серија пропусти од типот пробиени тестови до злоупотреба на наставниците. Колку министерството е сигурно дека тестирањето ги даде очекуваните реални резултати?

 

РИСТОВСКИ: Резутатите ќе ја покажат реалната состојба во нашиот образовен систем, а конечниот став на министерството ќе зависи од длабинската анализа којашто ќе ја направиме во текот на летото, по сите параметри од оценувањето. Дефакто ќе добиеме насоки на идно делување за усовршување на системот. Ефектот е повеќе димензионален и истиот ќе го видиме од следната година - учениците уште повеќе да се посветат на материјата, а наставниците да се  ослободат од притисоците за пишување нереални оценки.

 

 

 

ПРЕС24: Невладините организиации бараа ова тестирање да биде прогласено како пилот и оваа година. Размислувате во таа насока?

 

РИСТОВСКИ: Очигледно е дека дел од барањата и критиките се нереални и со политичка позадина. Знаете, кога некој ќе успее или нешто успешно ќе се спроведе, некој посакува тоа да не се случело, или да имало поинаква завршница. Софтверот преку кој беа тестирани учениците, неколку пати претходно беше тестиран и  немаше ниту една забелешка од страна на наставниците и учениците, ниту пак, некој протестираше. Денес, имаме успешно спроведена реформа за поквалитетно образование и некој тоа го оспорува.  Апсолутно некоректно и неприфатливо. Од друга страна, мој личен впечаток е дека некои ставови и барања се иницирани од стравот, наставниците или учениците да не бидат оштетени. Но напоменувам дека тоа нема да дозволиме да се случи.

 

 

 

ПРЕС24:Државната матура е еден друг проект за кој се најавуваше нејзина електронска форма. Кога тоа ќе се реализира?

 

РИСТОВСКИ: Е-матурата е еден од проектите содржани во Програмата за работа на Владата и можам да ветам дека тоа ќе биде еден следните приоритети на Министерството за образование и наука. Не би конкретизирал временски, но убеден сум дека електронското полагање на матурата ќе биде полесно реализиран предзивик, во однос на еден многу помасовен проект, како што е екстерното тестирање.

 

 

 

ПРЕС24: Секторот обарзование, според многу проценки е еден од најобемните и можеби нај нереформирани сектори. Имаше изминативе многу обиди за реформа, но веројатно отпорот од актерите во тој сектор е огромен. Имате ли веќе направено анализа, што е неопходно за промени, за да обраовниот систем добие подобра улога во општетството?

 

РИСТОВСКИ: Образовниот систем мора да биде усогласен со пазарот на трудот, тоа е привиот приоритет. Треба да се продуцираат кадри, коишто се потребни и полесно би стигнале до соодветно работно место. Тоа подразбира фокус на средното и високо стручно, но и општото образование. Реформи ќе има и во основното образование, каде е планирано воведување на наставни програми идентични со оние во наразвиените земји и образовни системи.  Втор приоритет е подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, со што би го мотивирале индивидуалниот напредок и достигнувањата на поединецот. Третата работа е континуирано подобрување на образовната инфраструктура, преку инвестиции за модернизација и реконструкција на постоечките, но и изградба на нови образовни објекти, како и нивно опремување.

 

 

 

ПРЕС24: Она што многумина сметаат дека му е потребно на образованието е промена на суштината. Училиштата во Македонија имаат многу теорија, а многу малку практика. Кој е вашиот коментар за тоа?

 

РИСТОВСКИ: Практичната настава е многу значајна компонента  на образовниот процес и фактор којшто влијае на креирање на профил за настапот на пазарот на трудот, преку развојот на работните способности и вештини кај секој поединец. Во македонскиот образовен систем недостасува реалната пракса. Размислувањата одат во насока на промена на наставните програми и модули, како и зголемување на практичните содржини. Од друга страна мора да се интензивира соработката со реалниот сектор. Македонија има многу успешни компании и менаџери кои можат и треба да го пренесуваат своето искуство на младите генерации. Тоа е важно и за нив, бидеќи токму сегашните студенти, можеби ќе бидат дел од организацијата која ја предводат.

 

 

 

ПРЕС24: Во тој контекст е и високото образование. Со години Македонија произведува прекубројни кадри од општествените науки. Како да се стимулираат матурантите да се запишуваат на техничките факултетити, кадар кој е неопходен за развој на економијата на една држава?

 

РИСТОВСКИ: За зголемување на бројот на ученици во стручното образование, се воведуваат нови профили во четиригодишното стручно образование, а од учебната 2013-2014 година ќе започне реализацијата на реформираните образовни профили во тригодишното стручно образование. Во текот на месеците април и мај сите училишта, а особено стручните, преку своите тимови организираа посети на основните училишта со цел да ги промовираат струките и профилите и да го зголемат интересот на осмооделенците за упис токму во тие струки.

 

Минатата година беше намален бројот на поените за упис кај повеќе струки, со цел да им се овозможи на учениците полесно запишување, но и останување во струката. Исто така беше зголемен и бројот на слободни места за техничките науки, токму од причина што пазарот на трудот е презаситен од правници, економисти, наставници... Знаете,  не е важно само да се заврши образовниот процес, туку и да се верификува преку изнаоѓање на соодветна работа во којашто ќе се применат стекнатите знаења. Тоа треба да биде најголем мотив за секој поединец при изборот на струката. Ова е време кога странските инвеститори се повеќе вложуваат во земјата и имаат потреба од соодветен кадар кој претежно доаѓа од техничките струки, а државата тоа мора да го обезбеди. Затоа остануваат нашите препораки до учениците за упис на техничките струки.

 

Дополнително, минатата година Владата започна со еден пилот проект за професионална ориентација на учениците. Се спроведе тестирање за откривање на студиските афинитети, посебните способности и професионални интереси на учениците во неколку училишта, со цел  да им се помогне, да им се даде препорака за избор на професија, притоа имајќи ја во предвид и реалната потреба на пазарот на трудот.  Овој проект го дава очекуваниот ефект и помага во креирањето на квотите и програмите, како и нивното усогласување со состојбите на пазарот на трудот.

 

Министерството во соработка и поддршка од УСАИД, работи на формирање кариерни центри во средните училишта, како и обуки на идните кариерни советници. Главната цел на кариерните центри е да им помогнат на младите луѓе да ги стекнат потребните вештини за успешно наоѓање на работа и вработување. Во пилот фазата вклучени се средните училишта од шест општини Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Тетово и Гостивар, како и  Градот Скопје.

 

 

ПРЕС24:Околу инфраструктурата на училиштата. Имаше неколку проекти за реновинање и изградба на училишта иницирани од оваа влада. До каде е нивната реалзиација?

 

 

РИСТОВСКИ:Реализацијата на акцискиот план е во тек. Во следниот период предвидена е изградба на 8 целосно нови училишни објекти, кај кои дел од градежните активности се во завршна фаза Ќе се прошират капацитетите на 4 училишта, од кои во 2 исто така имаме процес на финализација. Приоритет е реконструкцијата на 8 основни и средни училишта во земјава, којашто ќе биде готова до крајот на летото. Се разбира, неопходна е поддршката од единиците на локалната самоуправа, за да делуваме онаму кадешто е неопходно.

 

 

ПРЕС24: Изминативе години безбедноста на учениците беше еден сериозен проблем. Се случуваа серија тепачки, насилства. Преземените мерки во соработка со полицијата веројатно имаа резултат, но како да се постигне сигурен систем на безбедност?

 

РИСТОВСКИ: Република Македонија е општество во кое мултиетничноста е постојано на тест. Дневно политичките случувања не треба да се отсликуваат во училиштата. Учениците мора да се чувствуваат сигурни и да се фокусираат на учењето. Постои коориниран пристап на институциите на системот во тој дел, но не е доволно само да се постават полициски службеници, физичко обебзедување, видеонадзори и електронски врати во секое училиште.  Многу е важно да проработи и свеста кај сите општствени чинители, посебно кај учениците, родителите и наставниците дека насилството го успорува општествениот развој, за што  постои и континуирана едукација и обуки во училиштата. 

 

 

 

ПРЕС24: Кога зборуваме за образование, тоа секаде подрзбира две компоненти, обраовна и воспитна. Кај нас речиси 20 години како да изостанува воспитната компонентна од оразовниот систем. Јас сакам да Ве прашам нешто што сметам дека не е баш најлогично за еден образовен систем. Зошто на часовите во училиштата во Македонија и средни, но и основни ученициет одат со мобилни телефони?

 

РИСТОВСКИ: Користењето на модерната технологија е тренд, кој се следи и кај нас. Ерата на таканаречените смарт телефони и информатичка опрема ја олеснува секојдневната комуникација и работа, но од друга страна прекумерната или употреба без конкрена цел може да предизвика и штета. Во тој дел наставниците имаат одговорност да воочат таков проблем доколку постои и да укажат за негово надминување. Училиштето е продолжена рака на функцијата на семејството коешто има примарна улога во воспитувањето на младите. Тоа е местото кадешто тие поминуваат голем дел од времето и каде ги учат основните морални и етички општествени вредности и норми. Затоа воспитната и образовната компонента мора да имаат подеднаков третман. Наставниот кадар работи и треба да работи со децата, да помага во решавањето на нивните проблеми во учењето, проблемите со врсниците, семејството и тн.

 

 

ПРЕС24: Науката е сегмент од образованието кое секогаш е на маргините на овој ресор. Имате ли план како да се зајакне, стимулира или пак да се субвенционира научната дејност во Македонија?

 

РИСТОВСКИ: Обемот на активности, проекти и издвоени финансиски средства, го кажуваат спротивното.  Програмата на Владата за опремување на лабораториите за државните универзитети и јавните научни установи. Еден исклучително голем и значаен проект за подобрување на перформансите и конкурентноста на научно-истражувачката дејност од многу области. Инвестиција која е во тек и која долгорочно ќе има силно влијание врз економскиот развој на земјата преку создавање на млад истражувачки кадар, поддршка на индустриските капацитети и оптимално искористување на природните ресурси во земјата, како и стимулација на регионалниот развој и соработка.  

 

За потребите на студентите и професорите обебеден е  пристап до 14 бази на податоци на EBSCO I EMERALD со повеќе од 100.000 стручни трудови и литература, списанија со импакт фактор. Дополнително се стимулира објава на научни трудови во списанијата со импакт фактор за што се доделуваат средства во висина 30.000 денари, а изминатите 2 години пристигнати се околу 360 апликации. Наскоро ќе го објавиме и конкурсот за оваа година.

 

Во фаза на доусовршување е и порталот наука.мк, кадешто научниците ги внесуваат своите проекти и каде е  предвиден форум за размена на искуствата помеѓу нашите професори кои предаваат на странски и домашни универзитети, поврзани со нивните достигнувања, истражувања и откритија.

 

Финансиски се поддржуваат билатерални научно-истражувачки проекти со Србија, Словенија, Црна Гора, Кина и други земји.

 

Објавуваме конкурси за доделување на творечки субвенции и нудиме бројни можности за стипендирање. Сето тоа упатува на една сериозна заложба за стимулација и развој на науката.

 

 

 

ПРЕС24: Еден од Вашите претходници покрена една акција за контрола на високо-образовните институции. Еден универзитет беше затворен поради незаконско работење. Ќе ги продолжите ли овие контроли?

 

РИСТОВСКИ: Контролите во образовните установи се надлежност и редовна активност на министерството.  Така ќе биде и во иднина. Целта е проверка дали законите се почитуваат, и доколку има потреба, да се интервенира во насока на овозможување соодветен третман и услуга на крајните корисници.

 

 

 

ПРЕС24: Актуелната власт пред неколку години го почна проектот за дисперзирани студии во градовите низ Македонија. Од денешна дистанца, се покажа ли како оправдана оваа одлука?

 

РИСТОВСКИ: Образовните установи мора да бидат во функција на општеството од аспект на достапноста и секако, квалитетот на понудата. Дисперзираните студии овозможија голем број ученици да го продолжат образованието во својот матичен град или во најблиската околина. Од една страна, тоа подразбира заштеда на време и финансиски средства во делот на сместувањето, исхраната и патувањето, а од друга страна можност за едукација преку истите програми и професори од матичните факултети. Станува збор за бројка од околу 2500 лица, кои ја искористуваат можност за продолжување на високото образование на дисперзирани студии, што значи дека реформата ги дава очекуваните резултати.

 

 

 

ПРЕС24: Како министер за труд и социјала важевте за прилично успешен и активен. Иако и тој сектор е прилично обемен и комплициран, сепак што е потешко да се биди, Министер за Труд и социјала или Министер за Образование

 

РИСТОВСКИ: Двата ресори се многу значајни општествени компоненти. Раководењето е  предизвик, но и одговорност пред целната група, пред граѓаните.  За да успеете потребен е тим кој ќе биде ажурен, истраен и одговорно ќе пристапува кон обврските. Министерството за образование и наука има голем капацитет. Верувам во способноста на овие луѓе и единствено со тимска работа и дисциплина заеднички ќе ги реализираме сите предизвици.