Каргов на седница на Советот за царинска соработка во Брисел

 

 

Директорот на македонската Царинска управа Ванчо Каргов учествува на 121. седница на Советот за царинска соработка (Светска Царинска Организација), што се одржува од вчера во Брисел.

На седницата се разгледува напредокот во реализацијата на стратешките приоритети на СЦО, во областите на безбедноста и олеснувањето на меѓународната трговија, како и определувањето на стратешките принципи на идното делување. Идните активности ќе бидат насочени кон подигањето на капацитетите и хармонизирање на царинските постапки на глобално ниво, со цел да се одговори на глобалните предизвици во царинското работење, соопшти Царинската управа.

Според најавите, на состанокот ќе бидат разгледани и прифатени препораки и извештаи на специјализираните тела на оваа организација и да се определат насоки на делување во наредниот период. 

Во рамки на сесијата ќе се остварат повеќе билатерални средби за унапредување на соработката и одредување на идните активности на Царинската управа со други царински служби, за постигнување заеднички приоритети во царинската соработка и работење.

ФОТО: А1Он

најчитано сега