Македонски судии криеле имот и пари - антикорупциска им влезе во траг
Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека ги прибира и анкетните листови за имотната состојба на носителите на судската власт.
Комисијата наведува дека 26 носители на јавни функции во судството дале непотполни податоци во анкетните листови и не пријавиле промена на имотната состојба. Затоа, ДКСК согласно со своите надлежности повела прекршочни постапки и поднесено барања за испитување на имотната состојба до Управата за јавни приходи.
ДКСК потенцира дека секое службено лице, а тоа значи и секој судија има законска обврска да пријави промена на имотната состојба во рок од 30 дена од настанатата промена бидејќи секое несовпаѓање на пријавената со фактичката состојба е предмет на постапување на ДКСК.
Државната Комисија и во наредниот период ќе продолжаи со целосните системски и други проверки на анкетните листови поднесени од носители на јавни функции.
ФОТО: Журнал