„Фајненшл Тајмс“: ЕУ со претпазливост ја прима Хрватска - единствено Грција е полоша од неа
Голем број на европски влади и граѓани од европската унија се доста претпазливи кога станува збор за влезот на Хрватска во Европската унија со оглед на тоа што станува за земја која е слична како Грција во однос на нејзината индустрија односно најголемиот прилив на пари го има од туризмот. Таа веќе четири години се наоѓа во рецесија а пред неа единствено во однос на ова прашање е Грција, пренесува „Фајненшл Тајмс“. Невработеноста е на високи 20% од кои дури 50 % спаѓаат во младата популација.
Весникот нагласува дека не е забележано воодушевувањето, кое го следеше проширувањето во 2004 година со осумте поранешни комунистички земји, вклучувајќи ја и Словенија.
- Таа „голема експлозија“ беше доживеана како повторно обединување на Европа и конечно завршување на „студената војна“, нагласува „Фајненшл тајмс“.
Разочарувањето по влезот на Романија и Бугарија доведе до тоа преговорите со Хрватска да бидат толку обемни и исцрпувачки.
Борбата против корупцијата во Хрватска се покажа како ефикасна, а врвот го достигна кога е уапсен поранешниот премиер Иво Санадар.
Хрватска ќе го загуби својот привилегиран пристап до пазарите надвор од ЕУ, како БиХ, Србија и Црна Гора, со која во изминатите децении ги зајакна деловните врски.
Весникот проценува дека со преместувањето на хрватските производствени погони преку границите, а со цел да се избегнат царинските давачки, може да доведе до загуба на работните места во земјата.
Во најдобар случај, според „Фајненшл тајмс“ Хрватска ќе тргне по патот на земјите како Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, каде дојде до „поплави“ на инвестициите во производството.
Сепак, предупредува „Фајненшел тајмс“, Хрватска влегува во ЕУ во екот на најголемиот пад на економијата во изминатите децении, така што е тешко да се очекува дека ќе го постигне успехот на споменатите земји.