ДУИ: Името да се реши до декември

Решение за името да се најде до декември. Вакви пораки денеска упати владејчката ДУИ, откако стана јасно дека Македонија воопшто нема да биде на дневен ред на Самитот на лидерите во Европската Унија в петок.

„Исходот на Самитот треба да биде мобилизирачка сила за општеството да се освести дека без јасна решителност за компромиси и посветеност нема безбедна иднина и економска благосостојба. Време е да се седне наредниве месеци директно да се разговара за предлогот на Нимиц и да се најде решение до декемврискиот самит“ - велат од ДУИ во изјава што ја пренесе 24 Вести.

најчитано сега