Жерновски: Ќе направам се што ветив - инспекторите нека излезат на терен да видат што се случува

 

Веднаш по укажувањето на граѓаните им наложив на инспекторите да излезат на терен и да видат што навистина се случува околу Плаја Виста.

 Инспекторите му наложија на изведувачот СЕКТОР 909 веднаш да го отстрани спорниот објект и да престане да врши реконструкција со пренамена околу базенот.

 Управителот Борче Гиновски до општина Центар испрати известување дека по приемот на решението постапил веднаш и сам го отстранил објектот и престанал да врши реконструкција на објектите околу базенот, самиот базен и земјиштето и дека не е потребно од страна на Општината присислно извршување.

 Значи не е точно дека ги игнорирам одлуките на службите и на граѓаните.

 Уште еднаш барам и апелирам загрижениот граѓанин кој што наводно има информации околу овој предмет, да дојде во Општината и да ни ги изложи фактите.

 Уште еднаш го прашувам г-динот Лазаров, кои се тие наводно блиски лица и бизнис интереси кои биле причина за оваа, како што вели, дивоградба.

 И ќе им порачам уште нешто, јас се што ветив пред да станам градоначалник, тоа и го остварувам. За месец и половина остваривме многу повеќе, отколку мојот претходник за четири години.

Интегрален текст од реакција на Андреј Жерновски.

 

 

најчитано сега