Градоначалникот на град Скопјe во посета на Ѓорче Петров

 

Градоначалниците на Град Скопје и на Ѓорче Петров Коце Трајановски и Сокол Митровски денеска одржaа средба со претставници на јавните претпријатија и на урбаните и месните заедници на општина Ѓорче Петров.

- На овие средби претставниците на урбаните и на месните заедници имаат можност да разговараат со градските служби и јавните претпријатија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Скопје, да понудат предлози и идеи за нивно надминување, како и предлози за подобрување на работата на јавните претпријатија, информира Град Скопје.

Најважните проекти кои Град Скопје ќе ги реализира на територијата на општина Ѓорче Петров наредниве четири години се продолжување на булеварот „Партизански одреди“ до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, решавање на имотно-правните односи во насока на проширување на булеварот „4 Јули", како и помош во изградбата на пречистителната станица во Волково. 

Градоначалникот Митровски изјави дека е задоволен од соработката со Град Скопје и со јавните претпријатија. Според него, комуникацијата и координацијата меѓу нив и општинската администрација и урбаните и месните заедници од Ѓорче Петров е на високо ниво. 

најчитано сега