Димовски во работна посета на Турција
На покана од турскиoт министер за храна, земјоделство и сточарство Мехди Екер од денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ќе престојува во дводневна работна посета на Анкара, Турција.
Министрите на средбата ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу владите на Македонија и на Турција за соработка во областа на земјоделството.
Како што соопшти МЗШВ, за време на посета на Турција министерот Димовски ќе се сретне и со турскиот министер за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу.
ФОТО: Канал 5