Гази Баба во паника - невремето опустоши сé пред себе
Невремето проследено со силен ветер и град, кое вчера попладне го зафати скопскиот регион, направи огромна штета во руралниот дел на општината Гази Баба. Градоначалникот Тони Трајковски беше во посета на Стајковци, Страчинци, Црешево, Смилковци каде штетатa на земјоделските посеви и на имотите e најголема. Скоро 70 – 80 % од земјоделските посеви на лубеници, пипер, патлиџан, житни растенија, тутун се уништени.
Во населбата Ченто, пак, е уништен цел покрив од 300м2 и две куќи се поплавени, a во Стајковци е настанат проблем со електричната инсталација.
Општина Гази Баба закажа итна седница на Светот за формирање комисија за проценка на штета, во соработка со подрачната единица на Mинистерството за земјоделие.
Градоначалникот апелираше до жителите во иднина да ги осигураат посевите и земјоделските површини, за да може да им се надомести штетата и нагласи дека општината ќе ги превземе сите мерки кои се во нејзина надлежност за да им помогне на жителите кои претрпеа штета од невремето.