Заев се понервозен по издишувањето на бомбите - незадоволното членство го прашува „И што сега?“
Сè погласни се реакциите од членството на СДСМ и најблиските соработници на Зоран Заев кои имаат сериозни забелешки околу реализацијата на сценариото на нивниот лидер. Тие се свесни дека ефектите кои Заев им ги ветувал не се реализираат, па дополнително се влошува и позицијата на СДСМ во очите на јавноста.
Ваквата ситуацијата и реакциите од сопартијците и соработниците сè повеќе ја зголемува нервозата кај Заев. Напнатоста и дефокусираноста стануваат се повоочливи кај Заев, кој очигледно станува свесен дека креираното сценарио не ги дава ефектите кои тој ги очекувал. Покрај ова тој најверојатно веќе знае дека доказите кои постојат против него во врска со случајот со поткуп, а кои ги имаат институциите го покажуваат неговото противзаконско работење.
Членството на СДСМ, покрај сè почестите и погласните реакции и прашања упатувани до нивниот лидер, се обидува да добие одговор од лидерот и на прашањето „И што сега“. Нивното незадоволство се базира на фактот дека очекуваа поконкретна поддршка од меѓународниот фактор која не ја добија, но и поголема поддршка од народот, кој пак на СДСМ им го покажа сосема спротивното од она што тие се надеваа.
Граѓаните го срушија сценариото на СДСМ и покажаа дека си ја сакаат земјата. Застанаа зад политичката гарнитура која им нуди проекти, дела и услови за подобар живот.
Извори од СДСМ велат дека во напливот на нервозното однесување, не се изоставени повишувања на тонот,како и навреди кои Заев ги упатувал кон најблиските соработници. Аналитичарите пак сметаат дека лидерот на СДСМ по недостигот на посакуваните ефекти е преплашен.
-Се работи за човек кој е преплашен, изваден од памет, сега е длабоко закопан во својата зајачка дупка и оттаму гледа на секој начин како да ја замајува и понатака македонската јавност. Ова е и повеќе од пропаѓање за Заев, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов.
Бомбите веќе немаат никаков ефект. Интересот кај јавноста е сведен на минимум, а нервозата кај Заев го достигнува максимумот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа