Мирчев: Заев изнакажа големи глупости за Ал Џезира и ја посрамоти Македонија
Големи глупости изнакажа опозицискиот лидер Зоран Заев во интервјуто за Ал Џезира, вели политичкиот аналитичар Димитар Мирчев во изјава за Телеграф. Мирчев смета дека Заев ја посрамотил сопствената земја оставајќи лоша слика за неа.
- Таа е исклучително гледана телевизија, и зборовите што тој ги кажа за Македонија беа целосно исцрнување на сликата за земјава. Заев изнакажа големи глупости – вели Мирчев. И додава дека во интервјуто лидерот на опозицијата не кажал ништо што би претставувало конкретна програма, доколку дојдат на власт.
„Нивната цел е само да се дадат оставки од власта, а за понатаму немаат идеја што би правеле. Народот бара програма, конкретни планови и насоки по кои би се движела земјата. Тие не го понудија до сега тоа“ – вели Мирчев за Телеграф.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа