Пукна бомбата на Бихаќка - Во СДСМ на раб на тепачка

 

Жестоки расправии и кавги на раб на тепачка. Вака изгледа работната атмосфера во просториите на Бихаќка, јавува Сител. Извори на телевизијата од СДСМ брифираат дека во опозицијата никој па дури ни самиот Заев не е задоволен од ефектот на бомбите. Внатрепартиските анкети покажале дека сценариото во интерес на странските служби не само што не дава резултати туку го топи и онака слабиот рејтинг меѓу граѓаните. Резултатите покажале дека од ден во ден се повеќе граѓани застануваат во одбрана на државните интереси. По последниот собир во спортскиот центар Борис Трајковски кога над 30.000 граѓани дојдоа да ги слушнат пораките на премиерот Груевски, во СДСМ владее вистинска паника.

Високи партиски функционери за Сител велат дека се пожестоки се кавгите меѓу членовите на раководството и Заев за стратегијата и динамиката со која се објавуваат креираните материјали на странските служби.  Дел од раководството смета дека Заев претерал со одолжувањето на процесот на објавување на незаконски стекнатите снимки на што Заев бурно реагирал а малку фалело да избие посериозен инцидент  меѓу него и еден висок функционер на СДСМ.

Ситуацијата не е розова ниту во опозициската коалиција. Медиумите вчера објавија и за тепачка во ЛДП, кога генералниот секретар нападнал вработени во општината од својата партија. Градоначалникот на Центар за кого се погласно се зборува дека е на чекор пред преминување во СДСМ денеска не сакаше да го коментира инцидентот

За дополнително вжештување на атмосферата на Бихаќка, како што дознава Сител придонела и неодамнешната средба на неколку амбасадори со раководството на СДСМ. Дипломатски извори откриваат дека на Заев и неговите соработници им било јасно ставено на знаење дека меѓународната заедница предолго го толерира нивното однесување кое мора да биде осудено за да послужи како пример и за оние во нивните земји кои помислуваат дека можат на ваков начин без избори да дојдат на власт.  Притисокот од дипломатите особено се зголемил по признанието и пресудата во случајот Пуч.

 

Овој став на меѓународниот фактор бил пречекан како голем шок во партијата а на Заев му било префрлано дека меѓународната заедница не ја дава поддршката во онаа мера во која тие ја очекувале.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега