Пандов за РСМ: Очекувам политичка разрешница во СДСМ

 

Во редовното издание на неделниот политички магазин „Концепт со Ина“, авторката и водител на емисијата Иванка Додовска, разговараше со политичкиот аналитичар Александар Пандов околу политичката криза во Република Македонија предизвикана од избивањето на шпионската афера „Пуч“.

]Во емисијата се дискутираше и за политичката клима во опозицијата, при што Александар Пандов истакна дека: „Опозицијата на чело со Зоран Заев ги поништи сите досегашни поимања за значењето и водењето на една политичка битка, а истото го видовме со примената на нелегални и насилни методи со кои сериозно го загрози правниот поредок во државата“.

Во емисијата исто така беше анализиран политичкиот менаџмент на двете најголеми политички партии во Република Македонија, при што беше констатирано дека за разлика од актуелното раководство на СДСМ кое се служи со негативна кампања и нема реален контакт со електоратот, ВМРО-ДПМНЕ предводено од премиерот Никола Груевски фокусот на своето внимание го има целосно посветено на спроведувањето на развојните проекти и визии за подигнување на животниот стандард и за поттикнување на благосостојбата на сите граѓани.

Од тие причини, според Пандов: „Евидентно е дека ваквиот начин на менаџирање со СДСМ нема да има долг век на траење и за истиот во наредниот период очекувам политичка разрешница внатре во СДСМ“.

Целото видео погледнете го во продолжение.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега