Груевски: Уцени не поминуваат кај нас

 

Најважно за нашиот народ е прашањето „Како сето ова ќе заврши“, рече вчера премиерот Груевски пред десетици илјади граѓани.

ngng

-Ќе заврши со правна постапка согласно законите во Македонија. Правна постапка за секој за кој има сомневања и докази дека го прекршил законот, и за кој институциите на системот за кои ме радува што побараа и меѓународен мониторинг, а тоа и ние го поддржуваме, ќе ценат за што какви докази постојат и совесно и самостојно ќе одлучуваат, истакна премиерот.

Тој потенцира дека како и што досега истакнуваше, владејачката партија е подготвена за дијалог на принципиелни основи согласно досега јавно изнесените позиции.

-Ние сакаме и немаме никакви резерви да дискутираме за прашањата кои опозицијата ги отвора, за прашања кои се од интерес на граѓаните, изборите, медиумите и слично, но условувања и уцени тоа никогаш нема да прифатиме, посебно затоа што знаеме што стои зад тоа, и што се крие зад тоа, порача Груевски.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега