Груевски: Отворени 138.000 нови работни места
Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, во своето обраќање на вчерашниот собир истакна дека во периодот од 2006 година до сега стапката на невработеност која ја затекна ВМРО-ДПМНЕ во висина од околу 38% е намалена на 27,6%, а отворени се над 138.000 работни места за граѓаните во Република Македонија.
-Во истиот период се отворени над 138.000 работни места, во странските и домашните капацитети, во приватниот и јавниот сектор, и преку активните мерки за вработување. Во едно многу тешко време на глобални и европски економски кризи. Значи се очекува во веќе најавените, а се уште неотворени странски инвестиции да бидат отворени нови над 13.000 директни работни места, а со оперативниот план за активни мерки за вработување за 2015 година се предвидува поддршка за отворање на 8.500 работни места. Со три компании од оние кои неодамна јавно најавија инвестиција, во април ќе го потпишеме договорот по кој набрзо ќе ја почнат а некои од нив завршат градбата, една германска и две италијански: Техникал текстаил во Штип со 600 вработувања кои ќе почнат од јуни, кога и ќе се отвори фабриката, Монтанте во Скопје за производство на амортизери која ќе вработи најмалку 400 луѓе, а ќе почне со 100 и Диатек во Скопје со 200 вработувања за почеток во печатарската индустрија, изјави Груевски.Тој истакна дека за два месеци од сега ќе почнат градба на фабрики и веќе најавените КСС во Кичево, за 1.000 луѓе, Гентерм во Прилеп каде ќе се вработат 2000 луѓе, ОДВ електрик во Охрид Струга со 1.000 луѓе, а во тој период ќе се потпише и договорот со Костал во истиот регион исто така со 1.000 нови работни места.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа