Груевски: Станете Македонци, Албанци, Турци...

 

Тој смета дека граѓаните очекуваат тие да одат од дом во дом, од куќа во куќа, од семејство до семејство, да разговараат, да слушнат дека зависи од сите нас.

stanete

 

 

- Многумина од вас си го поставуваат прашањето Дали е праведно ова што ѝ се случува на нашата земја. Одговорот е –Не е. Но што ни преостанува? Да молчиме и да тонеме во агонија на онеправденост или да се бориме. Да се бориме како што знаеме и умееме, со конкретни дела и со конкретни чекори, кои ќе значат подобар живот на граѓаните, подобри услови, повеќе можности. Македонија го очекува тоа од нас. Сите граѓани го очекуваат тоа од нас – рече лидерот на владејачката партија, Никола Груевски на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во СРЦ „Борис Трајковски“, каде што дојдоа повеќе од 50.000 граѓани, симпатизери, поддржувачи и членови на партијата.

 

Тој смета дека граѓаните очекуваат тие да одат од дом во дом, од куќа во куќа, од семејство до семејство, да разговараат, да слушнат дека зависи од сите нас.

 

-Да им ја кажуваме борбата што ја водиме, целта за која се бориме, да говориме за нашите конкретни проекти, конкретни дела, за нашата цел – повеќе работни места, добра инфраструктура, подобро образование, подобро здравство, повеќе пари за земјоделците, пензионерите, администрацијата, повеќе можности за невработените, поквалитетни услови за студентите. Да говориме со енергија, со жар, со истиот оној жар со кој нашите предци ги водела идејата и ја пренесувале од човек на човек. Тоа е моментот во срцето што ќе не инспирира сите, и што ќе ја движи Македонија. Тоа за некои е патриотизам, за некои е волја, желба, љубов, за некои должност и обврска. Како сакате наречете го. Тоа е во сите нас. Тоа тлее во сите граѓани на Маекдонија и затоа знам дека нема да успеат, затоа знам дека Македонија ќе биде посилна после сето ова, затоа знам дека тој што го наумил сето ова јако се излажал, јако не потценил сите нас, тој што го наумил сето ова не ја зел предвид љубовта на нашиот народ кон сопствената држава и иднина. Затоа ќе победиме! Сите граѓани ќе победат – рече Груевски.

Тој ги повика пропадниците на сите националности во земјата, заедннички, со крената глава да полажат дека Македонија е многу повеќе од она што сакаат да ја направат.

 

-Ве повикувам сите – Станете Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите други. Станете на нозе, не чека поход, од град во град, не чека многу работа, многу нови проекти, многу нови моменти за гордост. Кренете глава и да покажеме сите дека Македонија е многу повеќе од она што сакаат да ја направат! Дека Македонија е многу поголема од ситните интереси на одредени лица и структури. Дека Македонија е многу посилна од разни сценарија и туѓи агенди! Дека ние, Македонците, сме храбри и честити луѓе! Дека нема да ја скршат Македонија, не во нашето време, не додека дише и последниот од нас и дека ќе работиме силно за иднините генерации да ја чувствуваат оваа наша енергија и сила и да ги води и нив, како што ние ја чувствуваме силата на нашите предци. Ова е Македонија и ние не се плашиме! Ова е Македонија и се бориме за неа со нашите дела! Луѓето ги гледаат нашите дела! Ја препознаваат нашата борба! Тоа е нашето вистинско лице! Нашите дела се нашата борба за Македонија! Тоа е мојот збор до сите вас! Тоа е мојот збор од Никола Груевски кого сите добро го познавате! Да живее Македонија! Да сте здрави и живи! Да биде вековита -  посочи Груевски во својата порака.

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега