Груевски: Ова ќе заврши со правна постапка согласно македонските закони
Најважно за нашиот народ е прашањето „Како сето ова ќе заврши“, рече денес премиерот Груевски пред десетици илјади граѓани.
Ќе заврши со правна постапка согласно законите во Македонија. Правна постапка за секој за кој има сомневања и докази дека го прекршил законот, и за кој институциите на системот за кои ме радува што побараа и меѓународен мониторинг, а тоа и ние го поддржуваме, ќе ценат за што какви докази постојат и совесно и самостојно ќе одлучуваат, истакна премиерот.
Тој потенцира дека како и што досега истакнуваше, владејачката партија е подготвена за дијалог на принципиелни основи согласно досега јавно изнесените позиции.
-Ние сакаме и немаме никакви резерви да дискутираме за прашањата кои опозицијата ги отвора, за прашања кои се од интерес на граѓаните, изборите, медиумите и слично, но условувања и уцени тоа никогаш нема да прифатиме, посебно затоа што знаеме што стои зад тоа, и што се крие зад тоа, порача Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа