Груевски: И брат му на Заев да е обвинител ќе му биде непријатно кога ќе ги види доказите

 

Премиерот Никола Груевски на денешната трибина во „Борис Трајковски“ на која се собраа над 50.000 граѓани, симпатизери, подржувачи и членови на СДСМ даде одговор на условите кои лидерот на опозицијата, Зоран Заев ги упати од  универзалната сала ги упати до Владата и до владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Заев бара Нов обвинител. За нас важно е обвинителот да се однесува по словото на законот. Јас сум убеден дека сегашниот обвинител тоа го прави. Инаку, такви докази има против лицето ЗЗ, што и Вице, брат му да е обвинител ќе му биде непријатно кога ќе ги види доказите. Од друга страна, ние сме подготвени за сите работи за кои постојат сомневања, а се однесуваат на наши членови или раководни лица, да бидеме максимално кооперативни и да го почитуваме законот. Времето ќе искристализира многу работи, ќе падне маглата посејана од лажните обвинувања, од драматуршките воведи на прес-конференциите и настаните на опозицијата кои даваат контекст на случувањата, ќе паднат пердувите и ќе се види целата вистина. Ние тоа го сакаме. Времето е одговор на сѐ. Во тоа сум убеден – рече  премиерот Никола Греуевски одговарајќи на барањето на Заев за нов обвинител.

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега