Италијански весник: Македонија, бисерот на Балканот е главен конкурент на Австрија

 

Италјанскиот весник Libero во статија посветена на Македонија со наслов „Рецептот на Македонија – даноци од 10%“ пишува за нашата земја, пренесува Економски.мк.

Италјанскиот весник Libero ја споредува Македонија во однос социјалните давачки и фискалните бенефиции за компаниите кои инвестираат во и надвор од Технолошко- индустриските зони со Турција, Полска, Србија, Хрватска, Унгарија, Република Чешка, Словачка, Украина, Романија и Италијаа посветена на Македонија со наслов „Рецептот на Македонија – даноци од 10%“ пишува за нашата земја, а ја нарекува и бисер на Балканот.

Весникот пишува дека нашата земја има направено  драстични промени од осамостојувањето до денес и затоа не е случајно што при рангирањето на земјите кои се најотворени за инвестиции и земјите најголеми иноватори, Македонија е позиционирана меѓу првите позиции.

-Ние пронајдовме, одлични и квалитни луѓе, со способност брзо да го надоместат недоволното искуство“, изјави неодамна за економскиот дневен весник “IlSole24Ore”, Duccio Astaldi претседател на компанијата ”Condotte”, најавувајќи инвестиција од 15 милиони евра во 10 мегаватна станица.

-Што се однесува за трошоците за работна сила” објаснува , Иван Илиев, економскиот промотер во Италија на “Invest Macedonia”агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот тие се пресметуваат така што за секое едно евро, 27 % одат за социјални и пензиски придонеси и 10% за персонланиот данок на доход, од кој пак, се ослободени инвеститорите во Технолошко- идустриските развојни зони во првите 10 години од производство.

Исто така весникот пишува дека во Македонија цвета и туризмот поради убавините кои таа ги поседува.

-Македонија е позната и под името ПЈРМ, кратенка која значи Поранешна Југословенска Република Македонија, бидејќи кога во 1991 година стана независна, Атина се противеше на употребата на името Македонија за да го заштити името на истоимената северна грчка провинција. Јазичните конфликти со Албанското малцинство беа надминати со формирањето на еден голем универзитет во Тетово на Англиски јазик, збратимен со универзитетите од САД. Благодарение на новите универзитети денес Скопје обезбедува многу способни , високо квалификувани кадри во техничките науки, пишува тиражниот Libero, во текстот посветен на Македонија.

Извор: Економски.мк

 

најчитано сега