Засекогаш ќе го памети доаѓањето во Скопје - прилепчанка остана без пари и телефон

 

Вчера во 2 часот и 30 минути на улицата “Лазар Личеновски“ во Скопје две непознати лица извршиле разбојништво врз девојка од Прилеп.

Се работи за 27-годишната А.Ц. на која што двете непознати лица и одзеле лична карта, мобилен телефон и 3.000 денари.

Сторителите и пришле на А.Ц.  и ги побарале парите, а откако се спротиставила, ја турнале на земја и ги одзеле и потоа заминале од местото на настанот.

Девојката завршила со повреди во пределот на надлактицата.

најчитано сега