МЗТ Скопје поразен од фенерџијата Левски
Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е поразен од составот на Левски, во неизвесна завршница по едно продолжение од 5 минути.
Домаќинот одлично го отвори мечот и многу брзо создаде двоцифрена предност која ја сочува до полувремето. Левски имаше водство од 13 поени разлика на стартот од последниот период, меѓутоа МЗТ Скопје успеа да одигра солидни 10 минути во кои успеа целосно да ја надомести разликата, па мечот мораше да продолжи со екстра период од 5 минути.
Во продолжението МЗТ Скопје беше на чекор на триумфот, откако при водство од 89-90 и неуспешните фрлања на Спас Николов, следуваше лоша реакција во одбраната која му дозволи на Џими Хант да оствари офанзивен скок и постигне поени за превземање на водството и резултат 91-90, што на крајот се покажа како конечен.
Стефан Синовец со 29 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје. Александар Чапин беше стрелец на 19, додека Предраг Самарџиски мечот го заврши со 17 поени.
Во тимот на Левски, петмина играчи беа со двоцфрен поентерски учинок, а најефикасен беше Иванов со 20 поени.
МЗТ Скопје своите настапи ги продолжува во домашниот кошаркарски шампионат, каде што во четврток со почеток од 18:00ч е домаќин на Кожув.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа