Болт ќе учествува на митингот во Лозана
Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, ќе учествува на митингот на Дијамантската лига во Лозана, сооштија организаторите.
На митингот во Лозана кој на програмата е на 9-ти јули ќе учествува и Французинот Рено Лавилени, светски рекордер во скок со стап.
Болт и Лавилени ќе се најдат на атлетскиот митинг во Париз четири дена пред натпреварувањето на Дијамантската лига во Лозана.
Болт моментно е светски рекордер на делницата 100 и на 200 метри како и штафетата на својата земја на 4x100 метри.
Јамајканецот е актуелен светски и олимписки шампион во двете спринтерски дисциплини.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа