Каљари го отпушти Ѕола, Земан негов наследник
Тимот од Сардинија одлучи да му врачи отказ на легендарниот италијански фудбалер, а сега тренер Џанфранко Ѕола.
Ѕола е сменет поради лошите резултати, а кулминација беше последниот загубен меч на гостувањето кај Сампдорија од 2:0. По овој пораз Каљари со 20 бода го дели претпоследното место на табелата со Чезена.
Неговото место најверојатно ќе го завземе Зденек Земан кој кусо време го предводеше овој тим, каде во декември заработи отказ бидејќи забележа само две победи на 16 одиграни натпревари.
Оцени ја веста
09.03.2015 - 15:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа