Македонката Ирена Петковиќ излезе од притворот од Брисел

 

Вчера доцна попладнето, Судот во Брисел ја ослободил Македонката Ирена Петковиќ од притвор, каде беше од 15 мај, објавува „Алфа“. Таа беше осудена на затворска казна бидејќи се вратила со својата 6 годишна ќерка во Македонија без согласност на таткото.

На вчерашното рочиште, судот наредил Петковиќ да биде пуштена од затвор и да ја напушти Белгија до крајот на јуни. СПоред информациите на Алфа, Македонката излегува од затвор уште вечерта, а нејзиниот адвокат најавил дека таа ќе се врати во Македонија најбрзо што може.

Судијата, им наложил на Петковиќ и нејзиниот екс сопруг, кој е француски државјанин и висок дипломат во Брисел, да продолжат со постапката на медијација пред надлежните органи на Франција за да можат вонсудски да се договорат за правата и обврските околу нивното дете

Екс сопругот на Петковиќ, кој ја поднесе тужбата по која таа беше осудена,  во текот на вчерашниот ден можел да поднесе жалба на судската одлука, но, според Алфа, засега не е познато дали го направил тоа.

  

најчитано сега